Близнаците на Кристијано Роналдо наполнија седум години.
Славниот фудбалер и неговата сакана Џорџина Родригез го одбележаа овој специјален ден со интимна семејна прослава.
Слатките близначиња Ева и Матео дувнаа свеќички на роденденските торти покрај родителите, поголемиот брат Кристијано Џуниор и сестричките Алана Мартина и Бела Есмералда.
Кристијано ги доби Ева и Матео со помош на сурогат-мајка. Тој претходно објави фотографија со нив за да им го честита роденденот.
„Среќен роденден љубови мои Ева и Матео. Тато ве сака многу“ - напиша тој.