Кристијано Роналдо и Џорџина Родригез пристигнаа заедно во Мадрид на отворањето на неговата клиника за трансплантација на коса „Insparya“.
За настанот, 34-годишниот фудбалер и 25-годишниот модел избраа бели кошули и фармерки. Џорџина, која ќе менаџира со клиниката, го надополни својот стајлинг со кожени чизми над колена од Кристијан Лобутин.









Клиниката, за која се вели дека ќе биде најголема во Шпанија, ќе врши трансплантација на коса, брада и веѓи.








