Криси Тиген и Луна влегоа во радарот на калифорниските папараци. 33-годишниот модел и нејзината 2-годишна ќерка беа фотографирани за време на шопинг во Лос Анџелес.
Дуото мајка-ќерка со задоволство избираше детска облека во мал бутик.







Криси привлече големо внимание со најновата објава на Instagram. Станува збор за видео кое покажува како нејзиниот сопруг Џон Леџенд се учи да плива. 40-годишниот пејач јавно призна дека не умее да плива и дека започна со часови по пливање, за што доби многу пофалби и охрабрувачки зборови.
Криси и Џон постојано ги привлекуваат фановите кон нивните профили на социјалните мрежи со семејни фотографии и видеа со Луна и синчето Мајлс.