Почетна » Новости » Шоу-бизнис » Криси Тиген остро ѝ возврати на жена која пројави сомнеж за нејзината борба со неплодност

Криси Тиген остро ѝ возврати на жена која пројави сомнеж за нејзината борба со неплодност

Криси Тиген не премолчува кога кон неа се насочени негативни коментари и критики. Славната манекенка, која во повеќе наврати отворено зборуваше за борбата со неплодност, ѝ возврати на жена која изрази сомнеж за нејзиниот проблем.

Кога една жена ја праша Тиген дали почека минутка за да се обиде да зачне природно или дали го избегнува сексот, 31-годишниот модел накратко ѝ одговори: „Здраво Линда, ти благодарам за прашањето, ти комплетна вештерко. Се обидував (да зачнам) околу 9 години. Ако те интересира нешто друго, извести ме!“

Криси и нејзиниот сопруг Џон Леџенд станаа родители на ќеркичката Луна благодарение на ин витро. Во текот на бременоста, таа сподели дека сама го избра полот на бебето, бидејќи сметаше дека нејзиниот сакан сопруг би бил совршен татко на девојче.

Криси Тиген и Џон Леџенд Криси Тиген и Џон Леџенд

Пред неколку дена Криси размрда многу усни откако рече дека следното бебе ќе ѝ биде машко, но подоцна објасни дека е сигурна за полот за следното бебе затоа што им преостанува таков ембрион.

„Реков дека следното бебе ќе биде машко, бидејќи таков е ембрионот кој ни останува. Момче. Да“ – напиша таа на Twitter и дополни дека во моментов не е бремена.

Криси Тиген и Џон Леџенд Криси Тиген и Џон Леџенд Криси Тиген и Џон Леџенд Криси Тиген и Џон Леџенд Криси Тиген и Џон Леџенд

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 14%
  • 24%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 23816 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.