На 4 март ќе се одржи 90-тото по ред доделување на наградите на Академијата за филмски уметности и науки.
Во категоријата Најдобра оригинална песна се номинирани пет музички нумери, кои ќе учествуваат во трката за Оскар.
Додека да дознаеме каде ќе отидат златните статуетки, слушнете ги номинираните песни и изберете која според вас заслужува да ја добие престижната награда во оваа категорија.
„This Is Me“ од „The Greatest Showman“
Кила Сетл ја исполнува песната снимена за филмот „The Greatest Showman“, во кој главна ѕвезда е Хју Џекман. За музиката и текстот се заслужни Бенџ Пасек и Џастин Пол.
„Remember Me“ од „Coco“
„Coco“, поради кој оваа година се полнеа киносалите, покрај за Најдобар анимиран филм, доби номинација и во категоријата Најдобра оригинална песна. „Remember Me“ е напишана од Роберт Лопез и Кристен Андерсон-Лопез.
„Mystery Of Love“ од „Call Me by Your Name“
Американскиот музичар Суфјан Стивенс ја напиша и изведе песната „Mystery Of Love“ за романтичната драма „Call Me by Your Name“.
„Stand Up For Something“ од „Marshall“
Андра Деј и раперот Комон се заслужни за вокалниот дел од песната „Stand Up For Something“, текстот е на Дајан Ворен и Лони Лин, додека за музиката се погрижила самата Ворен.
„Mighty River“ од „Mudbound“
Мери Џеј Блајџ ја испеа „Mighty River“, а се погрижи и за текстот и музиката заедно со Рафаел Садик и Таура Стинсон.