Џенифер Лоренс е најплатената актерка на светот. 25-годишната филмска ѕвезда ја предводи листата на Forbes, создадена врз основа на заработката на дамите остварена од јуни 2014 до јуни 2015.
Лоренс го зголемила своето богатство со 52 милиони долари, благодарение на „The Hunger Games“ и драмата „Joy“ во која повторно ќе глуми покрај Бредли Купер. Сандра Булок, која минатата година се најде на првото место, сега е 15-та на листата.
Џенифер Лоренс
52 милиони долари

Скарлет Јохансон
35,5 милиони долари

Мелиса Мекарти
23 милиони долари

БингБинг Фан
21 милиони долари

Џенифер Анистон
16,5 милиони долари

Џулија Робертс
16 милиони долари

Анџелина Џоли
15 милиони долари

Рис Витерспун
15 милиони долари

Ен Хетавеј
12 милиони долари

Кристен Стјуарт
12 милиони долари

Камерон Дијаз
11 милиони долари

Гвинет Палтроу
9 милиони долари

Мерил Стрип
8 милиони долари

Аманда Сејфрид
8 милиони долари

Сандра Булок
8 милиони долари

Ема Стоун
6,5 милиони долари

Мила Кунис
6,5 милиони долари

Натали Портман
6 милиони долари

Холивуд традиционално ги плаќа актерите многу повеќе од актерките, иако во последно време има сè поголем притисок да се изедначи заработката. Помеѓу најплатениот актер Роберт Дауни Џуниор и најплатената актерка Џенифер Лоренс стои разлика од 28 милиони долари.