Нарекувајќи ја „најпознатата жена во светот“, уредниците на британското издание на GQ ја прогласија Ким Кардашијан за Жена на годината.
Наградата ѝ беше доделена на 33-годишната ТВ ѕвезда за време на свечена манифестација која се одржа во Лондон.
На црвениот тепих Ким зачекори покрај Кание Вест во црно боди од латекс од Atsuko Kudo и здолниште од високата мода на Ralph & Russo.
„Огромна чест е да се добие наградата Жена на годината. Многу е специјална. Сакам да му се заблагодарам на мојот сопруг што прави да се чувствувам како Жена на годината секој ден“ – изјавила Ким по примањето на наградата.
Веднаш по свеченоста, беа објавени и првите фотографии од фотосесијата на Ким за познатото машко списание. На фотографиите направени од Том Мунро ѕвездата од „Keeping up with the Kardashians“ позира како од мајка родена.