Ким Кардашијан продолжува да го „руши интернетот“. Списанието Paper денес објави две нови фотографии од фотосесијата со Ким Кардашијан, на кои таа е целосно гола.
Додека фокусот на насловната страница беше поставен на задникот на Ким, новите фотографии го прикажуваат голото тело на 34-годишната ѕвезда од шоуто „Keeping up with the Kardashians“.
Жан-Пол Гуд стоел зад објективот за време на фотосесијата објавена во зимското издание на списанието за мода, музика, поп-култура и уметност, а идејата да се оди докрај целосно била на Ким.
„Ставот на Ким беше: Ако веќе го правиме тоа, ајде навистина да одиме таму. И нејзина беше идејата да ја соблече облеката и да покаже повеќе отколку само својот задник“ – изјавил Мики Бордмен од списанието Paper, одговорен за едиторијалите.