Ќерката на холивудските ѕвезди Кетрин Зета-Џонс и Мајкл Даглас наполни 18 години.
За да ѝ го честита роденденот на Карис, славната актерка сподели фотографии од семејниот албум на Instagram, заедно со порака.
„Среќен 18-ти роденден Карис Зета! Ти си сè и сè е ти. Ти благодарам за радоста која ми ја носиш. Во 5 часот утрово ти ми испрати порака за да ми се заблагодариш што те родив. Ти си таков тип на жена. Љубезна. Твојата мудрост ги надминува твоите години. Твојата убавина е длабока и твоето срце е големо за да го сака и обвие цел свет. Твојата смисла за хумор, многу важно, е ненадминлива. Можам да продолжам да набројувам... Можеш малку да поработиш на јапонскиот јазик... Те сакам ангелу, Мама“ – стои во описот.
Честопати, Карис е нарекувана мини-копија на мајка си, бидејќи многу наликувала на Кетрин кога била во тинејџерските години.
Карис и Кетрин заедно посетуваат модни настани и снимаат фотосесии.