На Мајкл Даглас вечерва ќе му биде врачена почесната Златна палма за животно дело на Канскиот филмски фестивал.
На големата манифестација, која се одржува по 76-ти пат, славниот актер ја доби поддршката од сопругата Кетрин Зета-Џонс и ќерката Карис. Тој пристигна на црвениот тепих фатен за раце со двете најважни дами во неговиот живот.
53-годишната актерка изгледаше сензационално во црвена креација со разголено деколте, додека 20-годишната девојка шармираше во фустан со 3D цветови. И двете креации се дело на либанскиот дизајнер Ели Сааб.
Првата вечер од Фестивалот беше резервирана за премиерата на филмот „Jeanne du Barry“ со Џони Деп во главна улога.