Кетрин Зета-Џонс присуствуваше на гала вечер организирана по повод Националниот ден на Велс. На свеченоста во Њујорк, 49-годишната актерка беше придружувана од двете деца кои ги има со Мајкл Даглас –
Шармантната холивудска ѕвезда на црвениот тепих зачекори во кадифена бордо креација со шлиц, додека нејзината ќерка носеше фустан со цветови во бордо нијанса.





На настанот присуствуваа и родителите на Кетрин, Дејвид Џонс и Патрисија Фер.







Кетрин, која е родена и израсна во Велс, на настанот беше наградена за својата работа од страна на Royal Welsh College of Music & Drama.


