Кети Пери го прифати предлогот за брак на Орландо Блум. Веста за свршувачката започна да се шири откако нејзината мајка сподели фотографии од парот и прстенот и напиша: „Погледнете кој се вери на Св. Валентин!“



Популарната пејачка самата се огласи на Instagram со фотографија од прекрасниот прстен со розов камен.

34-годишната музичка ѕвезда и 42-годишниот актер ја започнаа врската на почетокот на 2016 година, но беа разделени неколку месеци во 2017 пред повторно да ја обноват врската.