Катарина Ивановска не го пропушти модниот настан кој дизајнерот Игор Марков го организираше во скопскиот бар BKW.
Македонската убавица се појави на евентот заедно со своето синче Вања.
„Ноќ за паметење. Изгледаш згодно душо, и секако мојот прекрасен ангел Вања“ – напиша Катарина во описот.
Катарина постојано споделува фотографии од 3-годишниот Вања и ќеркичката Кира, која минатиот месец наполни една година.