Катарина Ивановска ужива на семејно патување. Убавиот македонски модел моментално престојува во Шпанија заедно со малото синче Вања и партнерот Цобе.
Атрактивната манекенка сподели фотографии од релаксираните моменти со најважните мажи во нејзиниот живот.
Катарина пред неколку дена објави и фотографија од малиот Вања по повод неговиот втор роденден.
Изминатиот период се јавија шпекулации дека Катарина е бремена со второ дете. Таа претходно беше во Тел Авив, за да ја поддржи Тамара Тодевска на Евровизија.
Погледнете фотографии и од нејзиниот престој во Израел: