Катарина Ивановска со партнерот Стефан Ханџиски и двете деца уживаа на патување во Дубаи.
36-годишната манекенка сподели фотографии од забавната авантура со саканиот, 5-годишната ќеркичка Кира и 7-годишниот син Вања. На дел од нив таа е во костим за капење и слободно може да се каже дека е во топ форма.
Ивановска сподели албум со колоритни фотографии и напиша:
„Дубаи + деца = многу забава“.
Катарина ги има двете деца од врската со поранешниот партнер Цобе.