Алесандра Амбросио започна нова романса.
43-годишната манекенка, која во минатото ги носеше ангелските крилја на Victoria’s Secret, беше фотографирана со новиот партнер Бак Палмер во Бразил. Убавата Бразилка уживаше и си разменуваше нежности со дизајнерот на накит на плажа во Рио де Жанеиро.
Алесандра и Бак започнаа да се состануваат минатата година, а на Instagram потврдија дека се заедно во декември.
„Оваа година пронајдов и се заљубив во неверојатна партнерка, која ме инспирира секојдневно, со која многу се забавувам и кога ми вдахнува страст за животот“ – напиша тој во објава за Нова година.
Парот веќе неколку недели е во Бразил, каде ја дочека 2025 година.
Алесандра е мајка на две деца, кои ги има од врската со поранешниот вереник Џејми Мазур.