Меган Маркл и принцот Хари посетија центар за евакуација на жртвите кои беа засегнати од пожарите во Лос Анџелес.
Војводата и војвотката од Сасекс им ја дадоа својата поддршка и помогнаа во доставувањето на оброци до засегнатите лица.
Тие разговараа со нив за да ги сослушаат во најтешките моменти и ги тешеа со прегратки, а потоа застанаа да помогнат во нивното снабдување со храна и основни работи.
Ужасните пожари во Лос Анџелес изгореа стотици домови, а одзедоа најмалку 24 животи.
Меган и Хари со двете деца живеат во Монтесито, Калифорнија, и не се во опасност од пламените јазици.
Видеа:
I’m so glad I’m on the right side of history re: these two. https://t.co/fvwReWUSPK
— Dan Falconer (@DanJFalconer) January 11, 2025