Никола Пелц вчера зачекори во четвртата деценија од животот.
Сопругата на Бруклин Бекам го прослави 30-тиот роденден, а нејзините свекор и свекрва не пропуштија да го одбележат тој специјален за неа ден. Дејвид и Викторија на социјалните мрежи споделија фотографии и видео со роденденски честитки.
Дејвид објави неколку фотографии и напиша:
„Среќен роденден, те сакаме!“, „Наздравуваме со тебе на твојот специјален ден“ и „Имајте го најспецијалниот ден заедно“.
Викторија сподели видео во кое двете танцуваат заедно на песочна плажа на Бахами.
„Среќен роденден, те сакаме многу“ – напиша познатата дизајнерка.
Никола и Бруклин стапија во брак во 2022 година. По нивната свадба започнаа да се шират шпекулации дека Никола не е во добри односи со Викторија, но нивните објави покажуваат дека тие одлично се согласуваат.
Тие заедно ја дочекаа новата 2025 година.