Кораима Торес е навистина добро дочекана и угостена во Србија.
51-годишната актерка, која ја глумеше „Касандра“, го покажа своето фит тело во атрактивен блескав фустан на забава во Белград. Таа постојано добива комплименти за одржаниот изглед.
Кораима претходно гостуваше во неколку српски емисии, за кои избра црни модни комбинации. Во едно од интервјуата таа рекла: „Обожавам ракија“.