Кораима Торес во моментов престојува во Србија.
51-годишната актерка беше дочекана од српските фоторепортери и новинари на аеродромот во Белград. Ѕвездата од серијата „Касандра“ носеше припиен бордо комбинезон кој го истакна нејзиното фит тело.
„Среќна сум, многу сум возбудена“ – вели во видеото популарната „Касандра“.
Алоооо Срби, ево вам дошла Касандра pic.twitter.com/Efcg4indHZ
— Moj Bgd (@NemanjaGrbicc) September 23, 2024
Кораима ќе биде специјална гостинка во популарната српска серија „Игра судбине“, која се прикажува на „Прва“ од 20 јануари 2020 година.
Наводно, нејзиниот престој во Србија ќе ја чини продукцијата 30 илјади евра.
Популарната Венецуелка ја има посетено и Македонија во 1998 година и беше пречекана од огромна толпа луѓе.
Фото: Instagram