Камерон Дијаз го чува приватниот живот далеку од будното око на медиумите, па не се појавува со семејството на јавни настани. Но, неуморните папараци успеаја да уловат едно нејзино излегување со сопругот и двете деца.
51-годишната актерка ја туркаше количката со новороденото синче Кардинал, додека Бенџи Меден ја водеше за рака нивната 4-годишна ќеркичка Радикс.
Многу коментари беа насочени кон нивниот изглед, особено кон аутфитот на ќеркичката. „Зошто славните личности секогаш им дозволуваат на децата да се облекуваат како бездомници“, „Многу чуден пар. Зошто детето е во пижами?“ и „Тие се типични Американци. Луѓе без комплекси и без вкус“ – се дел од коментарите за фотографиите.
Дијаз и Меден стапија во брак во 2015 година. Нивното прво дете се роди во 2020 година, додека второто во март оваа година.