Емина Јаховиќ блесна на синоќешната церемонија во Белград по повод доделувањето на првите регионални музички награди.
На свеченоста во Штарк арената, 37-годишната пејачка шармираше во креација во бојата која ќе ја одбележи 2019 година. Фустанот е креиран специјално за неа и е дело на нејзината пријателка Тувана Бујукчинар.








Популарната пејачка доби две награди – за Најдобра соработка за дуетот со Жељко Јоксимовиќ „Два авиона“ и за Најдобро музичко видео за „Лимунада“, која ја сними со Милица Тодоровиќ.


