Поголемиот син на Емина Јаховиќ порасна и наполни 15 години. Српската пејачка го одбележа овој ден, споделувајќи порака со посвета и фотографии од неговото детство.
„Мојот прекрасен прв син Јаман, моето добро срце, моето храбро срце, мојата цел. Толку брзо стана маж, заштитник на нашето семејство, сила и мудрост. Среќен роденден Јаман 08.08.2008“ – напиша Емина во описот на фотографиите.
Јаман е првото дете на Емина со поранешниот сопруг Мустафа Сандал. Тие имаат уште еден син, 11-годишниот Јавуз.