Емина Јаховиќ се релаксира во Турција. 37-годишната музичка ѕвезда сподели неколку фотографии од летниот одмор во Бодрум, каде престојува со двете синчиња Јаман и Јавуз и момчето Седетин Саран.
Иако Емина не сподели фотографија со 55-годишниот Седетин, папараците ги „уловија“ заедно.
Јаховиќ и Саран започнаа да се состануваат минатата година. Неодамна тиe беа разделени, но повторно ја обновија својата врска.