Дуетот на Амел Чуриќ и Емина Јаховиќ доби видеозапис. Победникот во втората сезона на музичкиот натпревар „X Factor Adria“ и 34-годишната музичка ѕвезда снимија спот за песната „Кост“.
„Штом ја слушнав песната Кост, не се двоумев многу дали да ја прифатам понудата за соработка на Амел и сигурна сум дека и на публиката ќе ѝ се допадне колку што ми се допаѓа мене“ – изјавила Емина.
Спотот за само еден ден стана хит низ балканските земји и достигна над 700 илјади прегледувања.