И Ирина Шајк се вклучи во кампањата на славниот дизајнер Марк Џејкобс насловена како „Protect the Skin You’re In“ (заштити ја кожата во која се наоѓаш).
Како и секогаш, убавата девојка на Кристијано Роналдо блесна со убавите долги нозе и заводливиот поглед.
25-годишната сексапилна Русинка се соблече за да ја подигне свеста на луѓето за ракот на кожата.
Марк Џејкобс досега има убедено многу славни лица да се соблечат голи. Голите фотографии се печатат на маици, а целта е паричните средства од продажбите да се донираат во Институтот за рак во Њујорк.
Меѓу убавиците кои учествувале во кампањата се вбројуваат и Хајди Клум, Наоми Кембел, Хелена Кристенсен и Викторија Бекам.