Иако речиси сите славни личности имаат дадилки за своите деца, Ирина Шајк и Бредли Купер сами се грижат за нивната ќерка Леа де Сејн.
Убавата Русинка повторно беше фотографирана на прошетка со слатката ќеркичка и нивното кученце. Тие купуваа сладолед во продавница, кога беа пресретнати од папараците.
Атрактивната манекенка ги покажа тонираните стомачни мускули во лежерна комбинација со хеланки и спортски градник.
Ирина не споделува фотографии со малата Леа на социјалните мрежи, но пред неколку дена направи исклучок. Таа објави мини албум со фотографии од животот со слаткото девојче.
Ирина и Бредли беа заедно од 2015 до 2019 година.