Почетна » Новости » Шоу-бизнис » Игор Џамбазов во Канада имаше емотивен момент со жената која го израсна: „Се изгушкавме за сите 56 години во кои не се видовме“

Игор Џамбазов во Канада имаше емотивен момент со жената која го израсна: „Се изгушкавме за сите 56 години во кои не се видовме“

Игор Џамбазов имаше неочекувана средба во Канада, која му пробуди носталгија и многу емоции. 61-годишниот македонски шоумен се сретна со жената која му беше дадилка нему и на неговата сестра Тања.

На својот концерт во Торонто, Џамбазов дознал дека тетка Даринка е во публиката и ја повика на сцената. Тие се прегрнуваа толку силно, за да надоместат за сите 56 години во кои не се виделе.

Игор Џамбазов Игор Џамбазов

Ова е сигурно еден од најемотивните моменти од концертот во Торонто. Дознав дека во публиката се наоѓа тетка Даринка, жената која не чуваше мене и сестра ми Тања кога бевме мали. Живееше кај нас, се грижеше за нас и во недостаток на родителите кои тогаш беа на врвот на своите кариери и многу често отсуствуваа од дома, бидејќи патуваа на турнеи и снимања, таа се обидуваше да ги замени. Тетка Даринка се обидуваше да нè научи да бидеме добри луѓе и се надевам дека успеа во тоа. А кога конечно ја пронајде љубовта на својот живот, чичко Ѓоко, тој ја побара нејзината рака од мајка ми и татко ми, а тие им дадоа благослов. После тоа заминаа за Канада. Таму станаа успешни луѓе, познати во македонската заедница.

На концертот, ја повикав на сцената.

Се изгушкавме за сите 56 години во кои не се видовме.

56 години. Животе, понекогаш навистина знаеш да бидеш суров...

Погледнете го видеото од моментот:

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 20097 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.