По подолга пауза, Викторија Лоба има нова музика.
Русокосата пејачка ја објави својата песна „Бумеранг“, заедно со спотот за истата.
Текстот е дело на самата Лоба, додека за музиката таа соработуваше со Лазар Цветкоски, кој исто така беше задолжен за аранжманот и продукцијата.
„'Бумеранг' не е само песна – тоа е порака, потсетник дека љубовта, добрината и искреноста се враќаат како ехо, токму кога ни се најпотребни. Верувам дека ова ќе биде химна за нови почетоци и позитивна енергија за сите нас“ - напиша Лоба.
Слушнете ја тука: