Едина Муса и Александар Димитровски-Мачка запливаа во брачните води.
Поранешниот сопруг на Тамара Тодевска и атрактивната кошаркарка, кои моментално очекуваат бебенце, направија свадба во Скопје на која прославија за својата љубов со најблиските.
Муса блескаше во припиена венчаница која ѝ го истакна трудничкото стомаче.
Едина и Александар ја потврдија својата врска пред јавноста во јануари оваа година.
Мачка има уште две деца од бракот со Тамара Тодевска.