Принцезата Кетрин со насмевка им се врати на официјалните кралски должности по завршувањето на хемотерапиите и битката со ракот.
42-годишната принцеза на Велс му се придружи на принцот Вилијам во пречекот на емирот на Катар, шеикот Тамим бин Хамад ал Тани, и на неговата сопруга Џавахер. Ова е првиот толку значаен настан на кој присуствува Кетрин по откривањето на дијагнозата во март оваа година.
Во Лондон, таа носеше палто од Александар Меквин, кое го надополни со накит кој претходно ѝ припаѓаше на покојната кралица Елизабета II.
По церемонијата, отмената принцеза отпатува во Бакингемската палата за приватен ручек и изложба.
Во март, Кетрин сподели дека има рак и дека започнува лекување со хемотерапии како превентивна метода за спречување на ширење на болеста. Во септември, таа стави крај на тоа лошо поглавје.
„Иако ја завршив хемотерапијата, мојот пат кон заздравување и целосно опоравување е долг и морам да продолжам ден по ден.“
„Со нетрпение чекам да се вратам на работа и да преземам уште неколку кралски должности во следните месеци кога ќе можам“ – напиша таа.
Кетрин и Вилијам имаат три деца.