Лука Дончиќ и неговата вереница Анамарија го прославија првиот роденден на ќеркичката Габриела.
25-годишниот словенечки кошаркар сподели албум со фотографии од првата година на малото девојче, чие лице не го покажуваат.
„Среќен роденден мој мал ангелу“ – напиша тој.
Анамарија напиша подолга порака со желби за својата принцеза.
Ќерко наша,
како вчера да беше кога дознавме дека ќе пристигнеш во нашите животи. Ти не само што дојде, туку и ни го направи светот посветол на начини на кои не можевме ни да си ги замислиме.
Кога те погледнав првпат, моето срце запозна сосем нова врста на љубов. Љубов која е длабока, бескрајна и чиста.
Една година со тебе помина брзо и за миг ти се претвори од новороденче во живо, љубопитно девојче.
Ти благодариме што нè избра нас, што ни го направи семејството комплетно и што ни покажа колку убав може да биде животот.
Кога ќе пораснеш, сакам секогаш да знаеш колку те сакам. Никогаш не се плаши да бидеш она што си, сонувај големи соништа и оствари ги истите, без разлика колку далеку ќе те одведат.
Ветувам дека секогаш ќе бидам тука за да те водам и поддржувам. Се надевам дека ќе можам да ти ја пренесам добрината, силата и вредноста на семејството. Секогаш знај дека каде и да те однесе животот, секогаш ќе имаш дом во моето срце.
Славниот НБА играч ја запроси Анамарија на 07.07 минатата година. Во неговиот клуб Далас Маверикс, тој го носи бројот 77.
По раѓањето на Габриела, тој го испишуваше нејзиното име на патиките за време на важните натпревари.