Синчето на Марија Шерифовиќ наполни една година.
Српската пејачка го одбележа овој специјален ден со слатка порака за малиот Марио, кој таа го доби со помош на сурогат-мајка.
„Не спиев два дена и две ноќи. Во 2 часот по полноќ се спакувавме и тргнавме во болница. Во апсолутен мир и среќа. Цел ден ја слушавме ‘What a wonderful world’.“
„Мислам дека мојот сакан Лос Анџелес беше најубав таа ноќ. Дека ѕвездите никогаш не сјаеле посилно. Ме прашуваат сине дали животот ми се промени? А јас не знам како да им објаснам колку многу се промени. Не знам како да им објаснам како е можно некого толку да сакаш. Велат дека децата ги избираат своите родители... а мене не ми преостанува ништо, освен до последниот ден да се прашувам со што те заслужив тебе толку совршен. Среќен роденден сине мој. Те сакам“ – стои во пораката на Марија.
Минатиот месец Шерифовиќ го прослави својот 40-ти роденден и објави фотографии со синчето.
Откако го доби синчето, Марија сподели дека пред да се одлучи за сурогат-мајка, се обидела самата да износи бременост, но не успеала.