Почетна » Новости » Актуелно » Правилно или престрого? Австралија со закон ги забранува социјалните мрежи за деца под 16 години

Правилно или престрого? Австралија со закон ги забранува социјалните мрежи за деца под 16 години

Австралија направи голем чекор и изгласа закон со кој им се забрануваат социјалните мрежи на децата под 16 години. Предвидени се казни до 32 милиони долари за компаниите кои нема да ги почитуваат новите правила.

Социјални мрежи

Законот ги принудува технолошките гиганти кои стојат зад мрежи како Instagram, Facebook, TikTok, Snapchat... да не им дозволуваат на младите да креираат профили, зашто во спротивно ќе се соочат со казни.

Тестирањето на оваа забрана ќе започне во јануари, а по една година, забраната ќе биде целосно спроведена.

Ова е прв закон од ваков тип во светот и поттикна многу дебати, особено меѓу младите луѓе кои сметаат дека им се гуши креативноста и им се блокираат можностите.

Што мислите вие? Дали законот ги штити младите или ги ограничува нивните можности?

Социјални мрежи

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 20116 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.