Каролина Гочева моментално е на турнеја низ Германија.
На концертот во Диселдорф, 44-годишната македонска пејачка откри дека е разочарана што овој нејзин настап бил бојкотиран од група Македонци, но повика на единство и поддршка на сите настани организирани од Македонци.
Еве ја нејзината порака:
Пред неколку дена дознав за еден пример кој не е толку светол, морам да го спомнам вечерва. Ова се случувало неколку месеци откако го објавивме концертот. Но, јас дознав пред два-три дена, многу добро ме чувале нашите организатори, дека вечерашниов концерт во Диселдорф изминатиот период бил постојано бојкотиран, постојано се испраќале апели да не се присуствува вечерва. Притоа, тие апели не се ниту од Грци, ниту од Бугари, ниту од овие што ни го газеле знамето, туку од македонско друштво од Диселдорф.
Ние нема да биде како нив, некои луѓе едноставно толку знаат и толку можат, но ние треба да им покажеме како треба. Затоа сакам да ве замолам нешто. Доколку сте утре овде и доколку сте слободни, ако не сте, ве молам пробајте да се ослободите и никако не го пропуштајте утрешниот настан кој го организира македонското здружение, каде настапуваат моите драги колеги Зуица и Наум. И секако, во иднина не пропуштајте ниту еден настан организиран од Македонци за Македонци, без разлика за која сфера станува збор. Затоа што малку сме и навистина е тажно да не се поддржуваме и да не се чуваме едни со други, а уште потажно и погубно е што во еден ваков период кога од толку многу страни сакаат да нè згазат, ние да се газиме меѓу себе.
Каролина изгледаше фантастично во црна припиена креација.