Додека нејзиниот татко Доналд нижи скандал по скандал, Иванка Трамп е посветена на функцијата негов советник.
35-годишната „прва ќерка на САД“ секојдневно е фотографирана пред домот во Вашингтон, а нејзиниот стил е постојано анализиран.
Иванка изгледаше модерно и елегантно во бел фустан од сопствениот бренд.



На настан посветен на воените лица и нивните семејства кој се одржа во Белата куќа, Иванка се појави во фустан со точки од J. Crew.








Минатата недела, модерната мајка на три деца беше фотографирана со широка насмевка пред нејзината куќа, а потоа и со сопругот на тревникот пред Белата куќа.




