Иванка и Тифани Трамп изгледаа елегантно за време на свечената вечера со принцот Чарлс и Камила во резиденцијата на американскиот амбасадор во Велика Британија.
За настанот во Винфилд Хаус, Иванка Трамп шармираше во бела креација на едно рамо од Safiyaa. Својот стајлинг, 37-годишната мајка на три деца го надополни со салонки со кристали од Џими Чу.
Иванка сподели фотографии на кои позира со двајцата браќа Доналд Трамп Џуниор и Ерик Трамп, како и со американскиот амбасадор во Велика Британија, Вуди Џонсон.
И Тифани Трамп не го пропушти патувањето во Обединетото кралство. 25-годишната ќерка на Доналд од бракот со Марла Мејпелс на свеченоста носеше долг фустан од тантела.
Претходно, ќерките на американскиот претседател неколкупати беа фотографирани на настаните низ Лондон.