Иванка Трамп беше една од деверушите на гламурозната свадба на нејзината сестра Тифани.
На прославата во ресортот Мар-а-Лаго во Флорида, 41-годишната ќерка на Доналд Трамп шармираше во сина креација инспирирана од фустан кој принцезата Грејс Кели го носеше во филмот „To Catch a Thief“.
Иванка сподели неколку фотографии на кои позира со сопругот Џаред Кушнер и трите деца.
Претходно, Иванка ја истакна својата убавина во дводелна розова креација.