Синоќа, Доналд и Меланија Трамп ги запалија сијаличките на огромната елка пред Белата куќа, а тој настан не го пропуштија Иванка Трамп и Џаред Кушнер со трите мали деца.
36-годишната „прва ќерка“ на САД блесна во бело палто со црни детали од Altuzarra. Впечатливиот додаток за коса исто така е дело на познатиот американски бренд.
Џаред го носеше в раце 1-годишниот Теодор, додека Иванка за рака ги водеше 6-годишната Арабела и 4-годишниот Џосеф.
Заедно со нив беше и Тифани, ќерката на Доналд од неговата втора сопруга.