Почетна » Новости » Шоу-бизнис » Зошто ѕвездите носеа црно на „Златен глобус“?

Зошто ѕвездите носеа црно на „Златен глобус“?

Црната боја владееше на црвениот тепих на „Златен глобус“. Со исклучок на неколку гостинки, сите дами носеа црни креации во знак на протест против сексуалното малтретирање и во знак на солидарност со оние кои биле злоупотребени и оние кои собраа храброст да проговорат.

Златен глобус

Ѕвездите ја покажаа својата поддршка на движењата #MeToo и #TimesUp избирајќи црна облека, а осум актерки на популарната свеченост беа придружувани од активистки.

Движењето „Time’s Up“ помогна досега да се соберат речиси 16 милиони долари наменети за правна поддршка на жени и мажи кои биле сексуално малтретирани, злоупотребени или нападнати на работното место.

A post shared by #TIMESUP (@timesupnow) on

„Сакавме да се исправиме и да направиме нешто за сите луѓе, да речеме дека истече времето на дискриминацијата, малтретирањето и злоупотребата на работното место“ – рече Рис Витерспун.

Златен глобус

„Вечерва не е момент, туку движење“ – порача Ева Лонгорија.

A post shared by #TIMESUP (@timesupnow) on

„Посветени сме да направиме промена не само во нашата индустрија, туку во секоја индустрија“ – изјави Кери Вашингтон.

A post shared by #TIMESUP (@timesupnow) on

Во изминатите месеци излезе на виделина дека многу холивудски моќници ја користеле својата позиција за да изнудуваат секс, да малтретираат, па дури и да силуваат. Сè започна со разоткривањето на Харви Вајнстин како сексуален манијак кој злоупотребил десетици актерки, но потоа на листата се најдоа и повеќе други мажи меѓу кои Кевин Спејси, Брет Ратнер, Луис Си Кеј и Ед Вествик.

За кратко време, движењето #MeToo го обиколи светот. Многу жени како Лејди Гага, Елен Деџенерис, Рис Витерспун, Емили Ратајковски и Бјорк го искористија хаштагот за да споделат дека биле малтретирани.

Алиса Милано ја популаризира фразата „Me Too“, која вирално се прошири низ над 80 држави во светот. „Ако сите жени кои биле сексуално малтретирани или нападнати напишат ‘и јас’ како статус, можеби ќе им дадеме на луѓето претстава за сериозноста на проблемот“ – напиша таа на Twitter.

A post shared by #TIMESUP (@timesupnow) on

A post shared by #TIMESUP (@timesupnow) on

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 20803 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.