Најдобрите од светот на филмот и телевизијата за изминатата година беа наградени за време на 75-тото издание на „Златен глобус“. Манифестацијата, која ја водеше Сет Мејерс, се одржа во хотелот „Беверли Хилтон“ во Беверли Хилс, Калифорнија.
Вечерта помина во знак на поддршка на движењата #MeToo и Time’s Up. По црвениот тепих на кој владееја црни креации, холивудските ѕвезди испраќаа моќни пораки и за време на своите говори.
Престижната награда Сесил Б. ДеМил заврши во рацете на Опра.
„Three Billboards Outside Ebbing, Missouri“ заработи четири статуетки, меѓу кои и за Најдобра драма. За истиот филм, Франсис Мекдорманд ја доби наградата Најдобра актерка во драма, додека Сем Роквел беше прогласен за Најдобар актер во споредна улога во драма.
„Lady Bird“ беше прогласен за Најдобар мјузикл/комедија, а Серше Ронан, која ја има главната улога во филмот, ја прими статуетката за Најдобра актерка во мјузикл/комедија.
Џејмс Франко ја доби наградата Најдобар актер во мјузикл/комедија за „The Disaster Artist“, а Гери Олдман ја освои наградата Најдобар актер во драма за „Darkest Hour“.
Гиљермо дел Торо беше прогласен за Најдобар режисер, а филмот „Coco“ за Најдобар анимиран филм.
Златниот глобус за Најдобра ТВ серија драма беше резервиран за „The Handmaid's Tale“, додека „The Marvelous Mrs. Maisel“ беше прогласена за Најдобра ТВ серија комедија.
Во категоријата Најдобра лимитирана серија или ТВ филм победи „Big Little Lies“, а Никол Кидман за улогата во истата ја доби наградата Најдобра актерка во лимитирана серија.
Целосната листа на победници можете да ја погледнете тука.