Зои Кравиц и Ченинг Тејтум го промовираат нивниот заеднички филм „Blink Twice“. Овој пат, славниот пар присуствуваше на премиера во Лондон.
На свеченоста, 35-годишната актерка и 44-годишниот актер си разменуваа љубовни погледи и прегратки, горди на нивното заедничко филмско дело.
Тие се вљубија еден во друг на снимањето токму на овој филм. Зои е режисерка, додека Ченинг ја има главната машка улога.
Зои носеше црвена креација од Сен Лоран, а на филмскиот настан ја доби поддршката од својот татко Лени Кравиц. Дуото татко-ќерка позираше заедно на црвениот тепих.