Зои Кравиц и Ченинг Тејтум ја чуваат нивната љубов подалеку од медиумските рефлектори. Но, овој пат направија исклучок.
35-годишната актерка и 44-годишниот актер за првпат се појавија како пар на свеченост и ги размрдаа прстите на присутните фоторепортери.
Филмските ѕвезди позираа на црниот тепих на премиерата на „Blink Twice“ и си разменуваа љубовни погледи.
Зои и Ченинг се заедно од 2021 година. Тие се вљубија еден во друг на снимањето токму на овој филм. Зои е режисерка, додека Ченинг ја има главната машка улога.
Според странските медиуми, славните партнери се верија во 2023 година.
Зои носеше црна креација од Saint Laurent и накит од Jessica McCormack.
Zoë Kravitz and Channing Tatum together on the black carpet at the #BlinkTwice premiere pic.twitter.com/RWkj9mjxGt
— The Hollywood Reporter (@THR) August 9, 2024