И Ева Лонгорија се впушти во летна авантура. Шармантната ѕвезда од серијата „Очајни домаќинки“ ужива на одмор во Шпанија заедно со својот сопруг Хозе Антонио Бастон.
На фотографиите, среќниот пар си разменува бакнежи и прегратки на плажа на островот Форментера.
41-годишната актерка носи сино-бели бикини, летен бел комбинезон од Eberjey и очила за сонце од својата пријателка Викторија Бекам.


















Ева и Хозе деновиве беа фотографирани и на прошетка во Марбела.



Бастон ја запроси Лонгорија во декември минатата година. Тие стапија во брак пред два месеци во Мексико.