Викторија Бекам не е почетничка во светот на шоу-бизнисот и знае како да привлече внимание. Славната дизајнерка ја промовираше својата прва колекција за Target со забава во градина.
На настанот беа поканети повеќе ѕвезди меѓу кои Џесика Алба, Наоми Харис, Џордана Брустер, Зое Салдана и Кејт Мара.
Додека ѕвездите ги разгледуваа моделите од колекцијата и им се насладуваа на неодоливите закуски, најмладите гостинчиња се забавуваа покрај базен со сирена.








„Многу сум горда на колекцијата“ – рече Викторија, потенцирајќи дека за првпат има можност да ги облекува сите жени, без оглед на нивниот буџет за дотерување.

И малата Харпер Бекам, која беше инспирација за колекцијата, беше присутна на забавата.


















