Салма Хајек ужива на Ибица.
57-годишната актерка сподели фотографии од одморот во Шпанија на кои позира во жолти бикини со шпанското знаме. Салма ја покажа својата седа коса и напиша:
„Жолти бикини + бела коса = совршена комбинација“.
Неодамна, во интервју за Glamour, Хајек изјави дека стареењето било многу поразлично од она што таа очекувала дека ќе биде.
„Мислев дека стареењето значи дека нема да работам, а работам. Мислев дека стареењето можеби значи дека нема да бидам вљубена, а вљубена сум. Не чувствувам како да сум ја изгубила мојата флексибилност, мојата агилност, па дури и мојата сила. Морам да кажам дека сфатив колку е убаво да можеш да остариш заедно со некого“ – рекла таа.
Хајек е во брак со Франсоа-Анри Пино од 2009 година и заедно имаат една ќерка.