Ејсап Роки сними кампања за Bottega Veneta за Денот на таткото. Славниот рапер го придружуваа неговите слатки синчиња кои ги има со Ријана.
35-годишниот музичар позираше за фотографии и си играше со 2-годишниот Риза и 10-месечниот Рајот.
Двете момчиња носат бело боди на кое пишува „Најдобар татко“.
Видео:
„До сите татковци кои се осмелуваат да сонуваат и до сите татковци кои се осмелуваат да сакаат“ – напиша Ејсап.
Ријана и Ејсап го добија првото дете во мај 2022 година. Нивното второ дете се роди во август минатата година.