Ен Хатавеј и Џејмс Франко ќе бидат водители на 83-тото по ред доделување на наградите Оскар.
Информација вчера ја потврдија продуцентите Брус Коен и Дон Мишер кои изјавија: „Џејмс Франко и Ен Хатавеј се олицетворение на новата генерација на холивудски икони – свежи, возбудливи и мултиталентирани“.
Се верува дека младите актери се избрани за водители со цел да привлечат помлада публика. Минатата година водители на Оскарите беа 65-годишниот Стив Мартин и 52-годишниот Алек Болдвин.
Најновиот проект на 32-годишниот Џејмс Франко е филмот „127 Hours“ за којшто доби многу пофалби, а најновиот проект на 28-годишната Ен е филмот „Love and Other Drugs“.
Свечената манифестацијата по повод доделувањето на Оскарите ќе се одржи на 27. февруари во Кодак театарот.