Почетна » Новости » Шоу-бизнис » Емили Ратајковски објави дека се породи со фотографија на која го дои бебенцето

Емили Ратајковски објави дека се породи со фотографија на која го дои бебенцето

Емили Ратајковски стана мајка. 29-годишниот модел сподели дека се породи и објави фотографија на која го дои новороденчето.

Емили Ратајковски

Во описот на фотографијата, таа напиша дека бебето Силвестер Аполо Беар дошло на овој свет на 8 март и дека тоа ѝ било најубавото утро, исполнето со најмногу љубов.

Во текот на бременоста, Емили редовно го надополнуваше својот Instagram профил со труднички фотографии.

Емили Ратајковски Емили Ратајковски

Емили соопшти дека е бремена преку фотосесија и есеј за „Вог“, кога обелодени дека нема да го открие полот на бебето. „Кога со мојот сопруг им кажуваме на пријателите дека сум бремена, нивното прво прашање по ‘Честито’ е ‘Дали знаете што сакате?’. Сакаме да им одговориме дека нема да го знаеме полот додека нашето дете не наполни 18 години и ќе ни каже само. Сите се смеат на ова. Но, има вистина во нашата реплика, вистина која укажува на можности кои се покомплексни од гениталиите со кои ќе се роди нашето дете. Вистината дека на крајот на краиштата немаме поим кој или што расте во мојот стомак. Каква ќе биде таа личност? На каква личност ќе станеме родители? Како ќе ни ги промени животите и она што ние сме?“ – порача таа.

Емили е во брак со Себастијан Беар-Меклард од 2018 година. Кога се венчаа, тие беа во врска само неколку недели.

Емили Ратајковски Емили Ратајковски

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 19861 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.