Северина е вистинска суперѕвезда во „Суперстар“.
52-годишната пејачка, која е дел од жирито во музичкото шоу, изгледаше атрактивно во најновото издание од хрватското шоу. Таа носеше сина проѕирна креација со пердуви од модната дизајнерка Паула Миховиловиќ, којашто креира за Александар Меквин.
За целосниот изглед на Северина се погрижила стилистката Катија Шимундиќ.
Северина сподели фотографии од уште осум свои стилски изданија во популарното шоу.